433
ДУИ се уште ги немаат добиено писмените гаранции што ги бараат од СДСМ, за да почнат со собирање на потписи, врз основа на кои Заев би го добил мандатот за составување на Влада, објави Телма.
Од партиите за телевизијата потврдиле дека, нивните работни групи, кои разговарат околу сите точки, денеска не се сретнале.
Преговарачите од двете партии ги преиспитуваат своите размислувања, но до сега немаат усогласено став за да истиотт се разгледува од централните претседателства.