Изум кој може да ги растера маглата и загадувањето 18 години чека примена

by fokus 18:09
18:09

Професорот Стефан Стефанов, кој сега е во пензија, пред цели 18 години, заедно со двајца негови колеги открил начин како да се растера магла, а со тоа и да се намали аерозагадувањето. Станува збор за изум кој за 60 до 120 минути да ја растера маглата, објави ТВ 21.

Професорот Стефанов за телевизијата 21 вели дека придобивките од оваа алатка би биле почист воздух, особено во услови кога загаденоста е на многу високо ниво.

Изумот функционира на принципот на распрскување на течен CO2 кој ја менува агрегатната состојба на маглата т.е. ја кристализира и ја симнува на земјата.

Стефа новдодава дека македонските институции во ниту еден момент не покажале интерес за овој изум. Оваа алатка била тестирана во РЕК Битола, а последен пат на аеродромот во Скопје во 2002 година. Наспроти државните институции, интерес за иновацијата на професорот Стефанов и неговите колеги покажале странски организации кои го покриле трошокот за тестирањето.

Последните мерења на загадувањето на воздухот покажаа високо ниво на загаденост во Македонија. На прво место е Скопје, а потоа следуваат Тетово, Битола и Куманово. Според податоците, Македонија е една од најзагадените земји во Европа со индекс  87,7 додека Тетово годинава по втор пат ја понесе титулата најзагаден град во светот со индекс 99,24.

Поврзани новости