ДУИ пред странците редовно се жали на судството

by Фокус

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби денеска во Собрание го пречекал амбасадорот на Австрија во Скопје, Томас Бајер и меѓудругото му ја нагласил потребата за храбрите реформи во судството и за искоренување на застарениот менталитет и двојни стандарди на одредени судии и обвинители, информира партијата.

Минатиот четврток евроамбасадорот Аиво Орав се сретна со Али Ахмети и како што сооппшти ДУИ, Ахмети побарал поддршка од меѓународната заедница за изготвување на меѓународна експертиза на доказите во случајот „Монструм“, но и изразил загриженост во врска со одложувањето на постапката во првостепениот суд.

Ппред десетина дена Ахмети речиси истото ѝ го соопштил и на делегацијата составена од претставници на министерствата за надворешни работи на Бенелукс – Холандија, Белгија и Луксембург како и амбасадорите на Холандија и на Белгија во Македонија. Тој тогаш на преставниците од делегацијата им  ја нагласил потребата за правично судење, особено за случајот „Монструм“.

Поврзани новости