ЈСП демантира дека штрајкуваат шоферите

by Фокус 14:01
14:01

Откако се појавија информациите дека штрајкуваат шоферите на ЈСП поради неисплатен личен доход, јавното претпријатие веднаш ги негираше наводите.

– Ги демантираме информациите и шпекулациите кои се појавија во некој медиуми и електронски портали за штрајк на вработените заради неисплатениот личен доход. Именове информираме дека на сите вработени во ЈСП СКОПЈЕ им е навремено исплатен личниот доход – велат од ЈСП.

- Advertising -

Во меѓувреме реагираше најголемата опозициска партија, од чие соопштение може да се заклучи дека и нивните информации говорат дека имало некаков штрајк.

– Безобразните трошења народни пари на раскош и луксуз од страна на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се одразува на егзистенцијата на граѓаните. Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ имаат пари за панорамско тркало од 18 милиони евра а немаат за плати на оние чесно си го заработуваат парчето леб. СДСМ бара Град Скопје и ЈСП Скопје веднаш да обезбедат плати за вработените во претпријатието – велат од СДСМ.

 

 

Поврзани новости