638
ДУИ после локалните избори ќе назначи свои директори во Агенција за електронски комуникации, Македонска пошта, Агенција за странски инвестиции, ЈП Македонија пат, Управата за води, Центарот за управување со кризи Трудов инспекторат, ЕЛЕМ-турс, едно од двете директорски места во Фондот за здравство, како и претседател на бордот во Телеком.
-Дел од институциите кои треба да бидат раководени од кадри од ДУИ ќе останат после изборите, затоа што не сакавме во предизборие да назначиме луѓе во овие институции за да не влијаеме на предизборниот процес – велат од ДУИ, истакнувајќи дека во изминатиот период целата енергија партијата ја потрошиле на Законот за јазиците.