339
Утрешната посета на функционери на ДУИ на Атина е партиска онолку што што беше неодамнешната посета на министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Вака денеска реагираат од албанската владејачка партија откако вчера Министерството за надворешни работи ја оцени како партиска посетата на „интегративците“ на главниот град на Грција.
Инаку, делегацијата на ДУИ, составена од лидерот Али Ахмети и министрите Муса Џафери и Фатмир Бесими, треба да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, со кого, според најавите, ќе разговараат и за спорот за името меѓу двете соседни држави.