485
ДУИ на денешното Централно претседателство ја поздрави одлуката на министерот за правда од нивните редови Билен Салији да поднесе оставка од функцијата. Како што оценил партискиот врв, станува збор за висок морален чин и порака со висока човечка и политичка одговорност.
„Овој чин на Министерот Саљији треба да служи како порака до сите носители на политички функции, особено одговорните за владеењето на правото. Оваа оставка ја повторува пораката дека селективна правда не смее да има и сите носиме одговорност за довербата на граѓаните кон институциите на земјата. Претседателството на ДУИ му се заблагодари на Министерот Саљији за дадениот придонес за време на функцијата како Министер за правда и оцени дека овој висок стандард на индивидуална одговорност поставува нови стандарди во креирањето политики“, соопштија од ДУИ.
Инаку, денешната седница претставува продолжение на седницата на Централното претседателство започнато на 16-ти, на кое се разговара околу остварувањето на програмата и за градењето на стратегијата на ДУИ во идните две децении.