87
Од 50 отсто избројани гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави портапролот на ДУИ, Арбр Адеми.
-Речиси во сите општини сме во предност: Дебар 2:1, Струга повече од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. ВО предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково, изјави Адеми.
Како што рече, се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до над 20 пратеници.
Според резултатите објавени на страната на ДИК, од досега пребројаните гласови, Европскиот фронт на ДУИ освоил 90.151 или 16,59 отсто, додека Влен има 73.893 гласа или 13,60 проценти.
Сепак, во штабот во Мала Речица на ДУИ, за разлика од првиот круг на претседателските избори, нема славење и зурли и тапани.