ДУИ не ја прифаќа резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ

by Fokus

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата поднесена до собранието од ВМРО ДПМНЕ. На денешната средба со опозициската партија побарале сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа.

Алијанса на Албанците и Алтернатива дополнително ќе заземат став откако претходно за ова ќе дискутираат партиските тела. Алијанса бара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за резолуцијата да се донесе со консензус.

Со резолуцијата поднесена од ВМРО ДПМНЕ се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.

Вчера владејачката СДСМ најави дека ќе ја прифати резолуцијата онака како што е предложена.

 

Поврзани новости