ДУИ: Не е спорно што новиот член на Советот на обвинители донираше за ДУИ

by fokus

За пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, нема ништо спорно во тоа што за член на Советот на јавни обвинители е избран Арбер Исаку, кој е партиски член на ДУИ и кој за партијата има донирано 5.000 евра.

-Легитимно право е човек да има одредена партиска определба и никој никого не може да спречи да донира за одреден политички субјект. Тука нема ништо спорно, донацијата на Исаку е според законските прописи и е во 2013 година, изјави Адеми за Алсат М.

 

Поврзани новости