ВМРО-ДПМНЕ: Нема аргументи зошто да се менува уредникот на МРТВ

by fokus

Откако Радмила Шеќеринска од СДСМ јавно ги повика сите професионалци од областа на медиумите сами да се пријават за уредник на МРТВ, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија, ја обвини Шеќеринска дека манипулирала, бидејќи како што тврдат, во преговорите инсистирала во име на партијата во МТВ тие да предложат свое кадровско решение.

– СДСМ/Сорос немаат никакви аргументи зошто треба да биде сменет актуелниот уредник и зошто треба да биде предложено некое партиско решение, освен потребата на аболицираниот криминалец Заев да се обиде да инсталира послушници и во медиумите кои не му се под контрола. Граѓаните веќе ги прочитаа сите лаги и манипулации на Заев и СДСМ. На граѓаните на Република Македонија им е доста од играриите на СДСМ и одржувањето на состојбата на криза во земјата, поради неспособноста преку програма, идеи и проекти да ја добијат довербата од народот, стои во реакцијата.

Поврзани новости