525
ДУИ ќе предложи луѓе со кредибилитет во новата влада, велат од партијата чиј лидер Али Ахмети денес ги почна преговорите со мандатарот Зоран Заев за формирање на владин кабинет.
-Мора да влеземе во владата со луѓе со неспорен кредибилитет и морални вредности, бидејќи партијата само така ќе ја врати позицијата и авторитетот кај Албанците – изјави за Фокус висок партиски функционер.
Тоа значи дека, додава тој, во новата влада ќе нема место за компромитираните кадри од владејачките гарнитури на Никола Груевски, за кои излегоа низа скандали во јавноста, а за дел од нив, според него, постапки води и Специјалното јавно обвинителство.
В.С.