ДУИ: Кандидатите на БЕСА се сликаат со Тарчуловски, не можат да скријат дека се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Од партијата на Али Ахмети обвинуваат дека БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција за локалните избори и дека има блиска соработка и координација меѓу овие две идеолошки блиски партии, велат од ДУИ. Од таму во соопштение до медиумите тврдат дека кандидатите на БЕСА се сликале на прослава со Јохан Тарчуловски, осуден од Хаг, велат од ДУИ, за воени злосторства против Албанците.

„А Зеќирија Ибрахими и Билал Касами гласаа за верификација на мандатот во Собранието. Обидувајќи се да се ослободи од скандалот со коалицијата на ВМРО, непринципиелните и антиалбански договори, не гласањето на албанскиот претседател на Собранието, не гласањето на реформската влада, поттикнувањето на инцидентот на 27ми април, а потоа и напуштањето на Собранието, сакајќи да го оправдува неуспехот и поразот, Беса и нивните мал број медиумски мегафони клеветат на бескрупулозен и нечовечки начин“, велат од ДУИ.

Коалицијата меѓу БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ, велат од таму, ја потврдиле и премиерот Заев, пратеникот Мухамед Зеќири, медиумите и анкетираните од самиот терен.

„БЕСА, Зеќирија Ибрахими и Билал Касами никогаш не го негираа овој факт. Граѓаните со право чекаат одговори и појаснувања за тврдењата на премиерот Заев, Мухамед Зеќири и сите други за анти-албанската коалиција ВМРО-БЕСА“, посочуваат од таму.

Поврзани новости