Поради отсуство на судијата одложено судењето Ахмети и Џафери против Богоевски

by fokus

Поради отсуство на судечкиот судија рочиштето по предметот Али Ахмети и Муса Џафери против пораншениот разузнавач Слободан Богоевски е одложено за 24-ти ноември. Лидерот на ДУИ и Муса Џафери го тужат Богоевски за клевета во врска со неговото сведочење пред окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.

Ахмети и Џафери бараат отштета од Богоевски во висина од 3 милиони денари. Слободан Богоевски пред окружниот суд во Њујорк изјави дека Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски, кој во тоа време беше премиер од тогашните директори во „Маѓар Телеком“ примиле поткуп од 2,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.

Поврзани новости