Шефот на иборниот штаб на ДУИ, Беким Незири најави во емисијата 360 степени на Алсат, дека ДУИ ќе ја напушти Владата ако пропадне договорот од Пржино, иако тој верува дека политичката криза ќе се надмине.
-Јас не сакам да верувам дека договорот ќе пропадне, јас се уште верувам дека тоа треба да има конечна разврска со договор. Ова е мој личен став, но ако ова пропадне, што ќе и се случи на Македонија. Прво, Македонија ќе влезе во политичка изолација, и не е толку важна политичката изолација колку што е важна економската изолација. Ако влеземе во економска изолација, сакале да признаеме или не, негативните резултати веќе ги имаме и како земја ги чувствуваме, а ќе се соочиме со уште посериозни. Демократската унија за интеграција, кога тоа ќе го забележи, итно ќе ги свика партиските органи, кога велам партиските органи мислам на Генералниот совет и Централното раководство, каде ќе се дебатира дали ДУИ ќе остане или не понатаму да биде дел од оваа Влада, дел од овие политики. Тоа детално ќе се дебатира и, се разбира, ќе донесеме одлука за која јавноста ќе биде информирана. Но, јас мислам дека нема да дојде до тоа. Сметам дека ќе треба да има решение и ќе има, вели Незири.
Прашан дали тоа значи дека ДУИ може и да ја напушти Владата, Незири одговори:
-Да, се разбира дека една опциите останува да излеземе од Влада, но за ова треба да се дебатира, треба да се направат анализи и треба да донесат одлука надлежните партиските органи, Генералниот совет и централното раководство со аргументи и факти. Ова е политиката што ја води ДУИ, ова е политиката што мораме да ја водиме во согласност со резултатите од 2014 година. Веќе немаме потреба да се правдаме, Вие и во почетокот спомнавте, ние сме на крстосница, на политичка крстосница. Се наоѓаме на крстосница за тоа што ќе направи државата понатаму. Мора да се најде решение, секој што учествува во тие преговори мора, пред се, да ги има државните пред политичките интереси. Ако тоа не се случи, ние навистина ќе имаме сериозни проблеми како држава, но сепак мислам дека ќе има решение.