ДУИ ја прифаќа методологијата на ДИК за чистење на избирачкиот список

by Фокус
Демократската Унија за Интеграција  информира дека ја прифаќа предложената и подготвената Методологија од страна на Државната Изборна Комисија за чистење на избирачкиот список.

Од таму велат дека го преземаат овој чекор со цел да се надминат сите можни пречки за изборниот процес и ги повикуваат сите страни да го дадат нивниот придонес за да се заклучи овој важен процес за земјата.

Од ДУИ тврдат дека ја запознале Државната Изборна Комисија за оваа одлука и се надеваат дека партиите ќе ги стават државните интересите на пред партиските интереси.

Поврзани новости