601
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска остварил средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на која било разговарано за моменталната состојба, при што двете партии имаат ист став, а тоа е дека одлуката на Иванов за општа аболиција треба да биде отповикана.
И ДУИ е согласна дека претседателот Иванов исто така треба да биде отповикан од функцијата и затоа коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишал Иницијативата за отповикување на Иванов од претседателската функција.
Ахмети претходно објави дека денеска се сретнал со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија и дека интензивно работеле за решавање на ситуацијата во корист на граѓаните и да се ставело крај на оваа криза.