624
Владејачката ДУИ денес ја презентираше предлог-програма за предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни, која ќе биде завршена во текот на следните денови.
– Во оваа првична предлог програма вклучени се проекти, нашите ставови и понуди кои ќе одат пред електоратот и пред граѓаните на Македонија на изборите на 5-ти јуни. За да продолжиме со транспарентноста како една од основните вредности која ја имаме ние како политичка партија сега 14 години на политичката сцена, ние пред да ја финализираме нашата изборна програма ќе реализираме средби со различни групи на интерес се со цел да ги вклучиме сите идеи, забелешки и предлози што ќе ги добиеме од различни експерти за различни области. Истотака, добродојдени се и предлозите на граѓаните кои на директен начин може да придонесат за збогатување на оваа програма со нивните идеи и предлози – Беким Незири, шеф на републичкиот изборен штаб на „интегративците“.