„Изразуваме сериозна загриженост поради трендот на систематско исклучување на граѓаните од албанската заедница и другите етнички заедници од јавните институции.
Минатата недела, низ бројни државни органи и јавни установи беа реализирани стотици нови вработувања.
Според достапните податоци, ниту еден од нововработените не припаѓа на некое од заедниците што сочинуваат над 40 % од општествената структура на државата.
Ваквиот образец не претставува административна случајност, туку укажува на институционализиран пристап кој ја поткопува уставно загарантираната правична застапеност.
Резултатот е сериозна институционална асиметрија што директно ја нарушува функционалноста на мултиетничкиот систем.
Овој тренд се одвива паралелно со стагнацијата на евроинтегративниот процес и јавното приближување кон концептот на „српскиот свет“.
Државата сè повеќе се оддалечува од вредностите на ЕУ инклузивност, еднаквост, транспарентност и се движи кон модел што ја фаворизира само една етничка структура во сите клучни сфери на јавниот живот.
Последиците се веќе видливи: губење на довербата во институциите, растечка апатија меѓу младите, и продлабочување на етничките разлики што ја загрозуваат долгорочната стабилност.
Повикуваме да се преиспита оваа насока и да се врати државата на патот на европските стандарди, преку транспарентни, инклузивни и фер институции кои ќе ја одразуваат реалната мултиетничка структура на државата“, се вели во соопштението на ДУИ до медиумите.