За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, рече изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој на прес-конференцијата за резултатите на МВР и сработеното за изминатата година одговорајќи на новинарско прашање за системот Безбеден град што треба да стартува од 1 јануари 2026 година најави поригорозни мерки за прекршоци во сообраќајот, меѓу кои и со конфискација на возило.
-Кривичниот законик не е директно поврзан со системот, но неговата измена и разграничување што е кривично дело, а што прекршок е клучна за да можеме да делуваме превентивно и во насока на она што сакаме да го оствариме, а тоа е намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на човечки загуби. Бидејќи граѓаните треба да бидат свесни дека во иднина во однос на оние кои особено безобзирно управуваат со моторни возила надвор од секаков разум ќе се оди со поригорозни мерки, односно ќе се оди и со конфискација на самото возило, рече Тошковски.
Во отчетот министерот Тошковски рече дека се уште не е задоволен од фактичката состојба во сообраќајот.
– Има напредок, има намалување на тешките несреќи и бројот на повреди, но се уште премногу луѓе гинат на улиците. Ова е едно од најважните работи на кои работиме, порача министерот за внатрешни работи Тошковски.