Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист починал на пат кон скопска клиника

by irena 11:43
11:43

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и мотоцикл „Хамачи“, управуван од 17 годишно момче од Кичево.

Мотоциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на мотоциклистот, ќе биде извршена обдукција.

Слични вести