Забрана за тешки товарни возила на Стража поради зимските услови

by irena 19:10
19:10

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража.

Како што информира ЈП „Македонија пат“, забраната е воведена во 18 часот поради условите на патот.

Возачите на тешки товарни возила не можат да го користат овој патен правец до промена на состојбата и укинување на забраната од надлежните.

Слични вести