418
Предлогот на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска за укинување на помошта за трето дете внесе несогласување мешу владините партнери. СДСМ очекува предлогот да оди во Владата и за него да се дебатира, а ДУИ за иницијативата дознала еден ден претходно. Извори во двете партии потврдуваат дека во коалицијата постои раздор, објави Алсат-М.
Прашањето, според извор на Алсат кој е дел од владиниот кабинет, ќе се решава на лидерско ниво. Интегративците во своите реакции, иако задоцнети, најавуваат дека предлогот нема да помине на влада и воопшто нема да стигне до законодавниот дом.
Министерката Царовска најави дека помошта не се укинува туку се трансформира во друг модел.