Ременски: И обезбедувањето на Груевски има одговорност доколку оневозможуваат спроведување на правдата

by fokus

По информацијата дека екс премиерот Никола Груевски во текот на вчерашниот ден не го прими решението на Кривичниот совет, по што требаше да замине во затвор, пратеничката Фросина Ременски предупредува дека одговорност има и неговото лично обезбедување, се разбира доколку оневозможуваат да се спроведе законот.

-Со законски измени од 2013 година Никола Груевски доби право на 6 обезбедувачи, возило и шофер, онолку долго колку што бил на функцијата на трошок на МВР. Тие привилегии ги користи ден денес. Обезбедувањето е од шестата управа при МВР 24/7.
За сите прашања поврзани со негово обезбедување и достапност за органите на прогонот и судот одговорност имаат и лицата што го обезбедуваат. Судот може да побара обезбедување и овозможување и на судска достава.
Секое оневозможување на спроведување на законот и правдата од страна на овластено лице како лично обезбедување е на линија на кривично дело, напиша пратеничката Ременски на социјалната мрежа фејсбук.

Поврзани новости