ДУИ ги негира наводите што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги изнесе во изминативе два дена за наводно УСБ со докази за тајна комуникација меѓу нив, СДСМ и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои го примиле Али Ахмети и Талат Џафери.
Оттаму повторуваат дека средбите со Груевски за кои зборуваше Ахмети биле за пржинските преговори и децидно негираат дека некогаш преговарале со екс премиерот за Кривичниот законик, бидејќи, како што велат, во тоа време не постоеше СЈО и нивните обвиненија против него.
„Единствените разговори за Кривичниот Законик се водени со Мицкоски на лидерските средби во Клубот на пратениците по негова иницијатива и барање откако стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ“, велат од ДУИ.
Мицкоски чека Ахмети и Џафери да откријат какви документи добиле на УСБ