ДУИ ги утврди кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори. Според конечните листи до кои дојде Фокус, произлегува дека ДУИ ќе се натпреварува и сите изборни единици, вклучувајќи ги третата и четвртата изборна единица, каде, поради демографската структура на населението, постојат само теоретски шанси за да освои пратеничко место.
Носител во третата штипско-велешка изборна единица ќе биде екс министерот за економија Беким Незири, по кој следуваа Сафет Ахмедов, додека на третото место е активистката Мери Николова, сопруга на екс министерот и амбасадор Агрон Буџаку.
Во четвртата струмичко-прилепска изборна единица, пак, носител на пратеничката листа на ДУИ ќе биде Сеад Зејнел, по кој следуваат Лејла Емурлаи, Арјета Омерова, Башким Шукрија, Аделина Зекири, а на претпоследното 19-то место се наоѓа поранешниот министер за образование Пиштар Љутвиу.
Во шестата тетовско-гостиварска изборна единица, која носи најмногу пратеници-Албанци, листата традицонално ќе ја предводи лидерот Али Ахмети, по кој, како што веќе објавивме, следуваат Флорин Бесими, Арта Биљали-Зендели, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, Бајрам Кадрија, Бедри Хазли…
Во првата скопска изборна единица, во чии рамки спаѓаат Чаир, Сарај, Студеничани, носител ќе биде партискиот потпретседател Изет Меџити, по кој следуваат Арбен Зибери, Шермине Мамути, Месут Јакупи, Мухамед Алиу…
Понатаму, во втората скопско-кумановска-липковска изборна единица, носител ќе биде министерот за образование Арбер Адеми, по кој следуваат Берат Ајдари, Мерита Кохахилку, Харун Реџепи, Ќамил Сулејмани…
И во петата кичевско-струшка изборна единица носител ќе биде собранискиот спикер Талат Реџепи, чија поддршка ќе бидат Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли, Јетон Шаќири, Муса Ибраими…
Влатко Стојановски