Откажан и Мајами опен поради пандемијата со корона вирус

by fokus

Тенискиот турнир во Мајами, кој требаше да започне за две седмици, е откажан поради пандемијата со корона вирус, пренесе „Скај Италија“.

Мајами опен е втор тениски турнир на толку високо ниво кој се откажува поради корона вирус. Оваа седмица, сличен турнир не се одржува во Индијан Велс во Калифорнија.

Утрово беше донесена одлука за стпорање и на финалето и плеј-офот на Купот на федерациите, закажано за средината на април. Мечевите од овие  натпреварувања се одложени на неодредено време.

Поврзани новости