438
ДУИ нема да ги гласа итните измени во Законот за кривична постапка со која рокот на одбраната да спрема докази од 15 се зголемува на 90 дена. Во партијата на Ахмети процениле дека измените со кои се зголемуваат можностите за одбрана на обвинети требе да бидат донесени со консензус во парламентот, а не само од нив и владеачката ВМРО-ДПМНЕ и најверојатно ќе се повлечат од чинот на гласањето.
За опозицијата и стручната јавност овие измени што ги турка ВМРО-ДПМНЕ со цел да го попречи СЈО во својата работа се избрзани и неквалитетни. Американската амбасада преку Твитер реагираше со прашање зошто сега и зошто толку се брза со овие измени во законот за кривична постапка?
На крајот, тешко ќе биде власта да обезбеди две третини од парламентот за да направи измени во Законот за кривична постапка.