724
ДУИ ги отфрли шпекулациите за можно формирање на ново парлементарно мнозинство.
Генералниот секретар на ДУИ, Абдилаќим Адеми вели дека сценариото за кое се зборува во последно време нема да ја има поддршката на оваа партија.
– Ставот на ДУИ останува конзистентен. Се бара целосна имплементација на договорот од 2 јуни постигнат меѓу лидерите на политичките партии во земјата, посредуван и силно поддржан од меѓународната заедница. Ние остануваме и понатаму на овој став и сега засега не се расправа за друга опција. Секоја алтернатива на неспроведувањето на овој договор би била штетна за Македонија – вели Абдилаќим Адеми, ДУИ.