Изборниот натпревар меѓу политичките партии во земјата веќе заврши во првиот круг, на кој ДУИ заврши како апсолутен победник во албанскиот блок, велат од ДУИ по договорот на БЕСА и Алијансата за Албанците за поддршка на нивните кандидати за градоначалници во вториот круг од изборите.
-Мерењето на гласовите се врши со споредување на партиската поддршка на добиените гласови за партиски листи за советници и тука ДУИ победи во секое место, оставајќи го опонентите зад нејзе. Бројките покажуваат дека, дури и ако тие беа заедно, тие пак ќе беа зад нас. Оваа ситуација е иста, но уште понапредна, во гласови во корист на ДУИ ако за референца се земаат гласовите на кандидатите за градоначалници – рече шефот на републичкиот изборен штаб ан ДУИ Ербер Адеми.
Сепак, тој додаде дека во вториот круг на 29 октомври народот ќе ја запечати убедливата победа на ДУИ.