537
Пратеникот од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, во изјава за Либертас вели дека тепачката како што му пренеле ја предизвикале Елвис Бајрам и неговте бодигарди. Според него, Елвис со неговите дошле и ги кинеле плакатите на Дудуш залепени на штабот на СДСМ сместен во дуќан на нивни симпатизер.
Ова го видела неговата жена, излегла и реагирала и тие ја турнале и почнале да ја навредуваат. Таа ова му го кажала на сопругот и тој излегол и почнала кавга во неговиот двор.
-Тепале Елвис и неговите бодигарди но комшиите дошле напомош и настанала масовна тепачка во која подебелиот крај го извлекол Елвис Бајрам, но и лицето во чиј дуќан е штабот на СДСМ.
Во МВР има изјави кој почнал прв и како настанал инцидентот, вели пратеникот Дудуш. Вели дека осудува вакви настани и дека полицијата целосно треба да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за да нема манипулации.