Заев: По 11 години режим, Македонија е комплетно финансиски стабилна

by fokus

Не дозволувајте општината да ви е во заложништво, еве слободна е, Македонија слободно дише, им порача лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на жителите на Свети Николе на вечерашниот митинг.

-Ви ветувам, младите ќе живеат тука, ќе работат тука, овде ќе чекаат и деца и внуци. Но, нема развиена татковина без развиени општини, нема среќна Македонија, без среќни луѓе. Не дозволувајте општината да ви е во заложништво, еве слободна е, Македонија слободно дише. По 11 години режим, Македонија е комплетно финансиски стабилна и почнавме со социо-економските мерки, рече Заев.

 

Поврзани новости