Лидерот на Унијата на Ромите и градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш вечерва во емисијата 10МИНУТИ на ТВ21 изјави дека Ахмети е татко на нацијата и мора да го почитуваат.
„Ако би земал некој за пример по кој стапки да одам, за мојата заедница го достигне тоа што го достигна албанската, нема подобар пример од Али Ахмети. Само пред 22-23 години Албанците исто така маргинализирани, дискриминирани како сега ромите. Не им се давало право ниту на образоание, ни вработување, секаде биле блокирани. Тој е Али Ахмети дојде за да денеска Албанците се рамноправен народ во Македонија, и како да не го почитуваш тој човек. Тоа треба да им се каже на овие нови генерации, кои не знаат како беше пред 20 години, и затоа реков јас да сум Албанец, јас би го следел само него цел живот. Тука зборуваме за татко на нацијата, тука зборуваме за Али Ахмети, тој е татко на нацијата и мораме да го почитуваме“, рече Дудуш.
Одлучиле да коалицираат со Ахмети, бидејќи, како што рече, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ им нуделе само директорски места, што според него, е понижувачки за Ромите.