ДСЗИ издаде забрана за работа на ПЗУ Санте Плус 2

by Fokus

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во просторијата лоцирана на улица „Илинденска” бб во Гостивар, бидејќи нема решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство.

– На ден 28 февруари 2024 година, ДСЗИ ПО Гостивар изврши вонреден инспекциски надзор по поднесена писмена преставка од страна на д-р. А. И. Во претставката се наведени нерегуларности кои се однесуваат на условите во просторија во кои се врши здравствена дејност. При надзорот извршен е увид во просторијата, сопственост на Бехтел Енка. Во просторијата со вкупна површина од 13м2, означена како амбуланта, се врши здравствена дејност, соопштија од Инспекторатот.

- Advertisements -

Во моментот на надзорот затекната била медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции, инфузии, шприцеви.

– При надзорот беше присутно одговорното лице во Бехтел Енка М. К. кој изјави дека Бехтел Енка УК2 Лимитед има склучено договор со ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје – Поликлиника на примано ниво, за обезбедување на здравствени работници и здравствени услуги за потребите на Бехтел и Енка. Даден е на увид договорот со ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во кој се наведени здравствени услуги кои ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје треба да ги реализира за потребите на Бехтел и Енка. При надзорот дадена е на увид и диплома за завршен Медицински факултет при Државен универзитет Тетово за д-р Ќ.Б. и М1/М2 образец за заснован работен однос за медицинска сетра во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје. По изјава на присутното лице д-р Ќ.Б. исто така е вработен во ПЗУ САНТЕ ПЛУС 2“Скопје, појаснија од Инспекторатот.

Тимот секојдневно доѓал во посочената просторија и пружал здравствени услуги на вработените во Бехтел и Енка.

Поврзани новости