ДС: Власта спрема терен за нерамноправен изборен натпревар

by fokus

Демократскиот сојуз предупредува дека за време на „замрзнувањето” на работата на опозицијата во Собранието, власта носи крупни промени,  кои како што велат, се штетни за државните интереси и се со цел да се направат услови за уште едни нефер и недемократски избори.

-Така, се вршат системски промени во МВР, се отвора нов партиски Универзитет, се носи ребаланс на Буџетот во функција на клиентелизамот за изборите и многу други проекти кои значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар –потенцираат од  Демократскиот сојуз.

Тие ги повикаа и политичките партии да ги забрзаат преговорите и истите да бидат транспаренти за јавноста.

-Демократскиот сојуз и граѓаните, пошироката јавност и медиумите, немаат елементарни податоци за предлозите како да се среди избирачкиот список, кои се предлозите за реформи во медиумите и сл., туку само парцијални и наменски изјави од претставници на партиите вклучени во преговорите – порачаа од партијата.

Поврзани новости