Студентскиот пленум најави блокада на студентските избори

by fokus

Студентскиот пленум ги повика студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“утре во 12 часот да излезат на платото на УКИМ и да се приклучат во блокадата на студентските избори.

– Потсетуваме дека блокадата не е кривично дело како што претходно пренесоа некои медиуми. Ние сите сме членови на Студентски парламент и како такви, обесправени сме прво во делот да кандидираме наш кандидат, потоа да имаме пристап до правните акти што ги регулираат изборите, пристап до Собранието и до состаноците на Студентскиот парламент – велат од пленумот.

Студентите порачаа дека имаат право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни.

Поврзани новости