Демократскиот сојуз предупредува дека за време на „замрзнувањето” на работата на опозицијата во Собранието, власта носи крупни промени, кои како што велат, се штетни за државните интереси и се со цел да се направат услови за уште едни нефер и недемократски избори.
-Така, се вршат системски промени во МВР, се отвора нов партиски Универзитет, се носи ребаланс на Буџетот во функција на клиентелизамот за изборите и многу други проекти кои значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар –потенцираат од Демократскиот сојуз.
Тие ги повикаа и политичките партии да ги забрзаат преговорите и истите да бидат транспаренти за јавноста.
-Демократскиот сојуз и граѓаните, пошироката јавност и медиумите, немаат елементарни податоци за предлозите како да се среди избирачкиот список, кои се предлозите за реформи во медиумите и сл., туку само парцијални и наменски изјави од претставници на партиите вклучени во преговорите – порачаа од партијата.