442
Демократскиот сојуз во февруари оваа година до Уставниот суд достави иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија.
Од таму побараа од Уставниот суд да донесе и времена мерка за да не се имплементира овој закон бидејќи е во коализија со Уставот на Република Македонија.
– Имено, со член 6 од овој Закон се предвидува членови на Советот за утврдување на факти да можат да бидат само пензионери, кои треба да засноваат редовен работен однос и да примаат плата од 1000 евра, а сите други кадри со искуство од правосудната област се дискриминираат. Овие членови треба да извршуваат оперативно – истражувачки активности за утврдување на одговорност на судиите – се наведува во соопштението од партијата.