Демократскиот сојуз бара на утрешната седница на Собранието, прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство, потоа промените за Шестата изборна единица и на крај по одржана расправа да се гласа за Буџетот.
Според партијата, тоа што одвласта го условува распуштањето на Собранието со донесување на буџетот за 2017-та година, е обид за притисок и одложување на изборите, и е надвор од договорот од Пржино.
-Најавите дека на утрешната седница на Парламентот ќе се распушти истиот е нов притисок, без расправа да се донес Буџетот. Тоа јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат оправдување да ги одложат изборите. Притиснати од граѓаните кои барат решавање на кризата преку промени на власта и одговорност за криминалот, партиите од власта со наместени анкети се обидуваат да се претстават во јавноста дека и натаму имаат голема подршка. Доколку имаа висок рејтин, немаше да има обид за одлагање на изборите и немаше со брутален притисок да ги полнат автобусите за присуство на денешниот партиски собир во Скопје- стои во соопштението на Демократскиот сојуз.