ДС: Платформата на Ахмети не врати во 19 век

by fokus

Али Ахмети успеа да го разгори национализмот и екстремизмот, како подлога за конфронтации и дестабилизација на Македонија, реагираат денеска од Демократскиот сојуз.

-Платформата за целосно разрешување на албанските прашања, во многу му помогна на раководството на ВМРО ДПМНЕ, да ја измести темата за одговорност на креаторите на политичката криза и да поттикне и насочи дискусија за „македонските работи“. Подготовката на „македонска платформа“, најавите за блокада на работата на Парламентот и заканите со протести да се урниса државата доколку опозицијата формира Влада, се одлична можност за прогласување на вонредна (читај воена) состојба и суспензија на институциите и изборната волја на граѓаните. Наместо да градиме ПЛТФОРМА за правна држава, еднакви права за сите, борба против криминалот и подобар живот за сите, платформата на Али Ахмети не врати во 19-от век, се вели во соопштението на ДС.

Од партијата додаваат дека е време е за обединување на граѓаните и расчистување со популистите и пропагандистите за наводна загрозеност на Албанците или  Македонците.

Поврзани новости