Кавадарчани бараат чаре од загадувањето

by fokus

Во големата Општинска сала во Кавадарци во тек е јавна расправа за можни начини за спас од загадувањето на воздухот.

Покрај здруженија и правни субјекти, и граѓаните се вклучени во расправата со свои предлози.

Прашањето за екологија на тема ,,Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички’’ е предмет на јавната расправа, на која што со свои дискусии учествуваат претставници на НВО секторот и заинтересирани граѓани.

Во изминатиот период кавадарчани се загрижени поради зголеменото загадување на воздухот, но и зголемениот број на граѓани со респираторни проблеми.

Според кавадарчани, главен загадувач во градот со години наназад е металуршкиот гигант ,,Фени Индустри’’, додека пак според други, загадувањето се должи и на големиот број на казани за варење на ракија во домашни услови и на употреба на несоодветни материјали за греење, како јаглен, лакирани и обоени отпадоци од дрво, прегорено масло, гума, синтетика и слично.

Вики Клинчарова

Поврзани новости