494
Од Демократскиот сојуз очекуваат со денешната посета на Викторија Нуланд, преговорите да се помрднат од мртва точка и да се најде компромис.
Партијата очекува денеска да се постигне договор, за од утре да почнат да се спроведуваат реформите.
Сепак, од Демократскиот сојуз истакнува дека и натаму има многу прашалници, дали Нуланд, ќе бара да се ослободат институциите од партиските стеги. Дали ќе ги „охрабри” генераторите на кризата да се повлечат од политичката сцена, дали ќе ја поддржи идејата за формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по предлозите на СЈО и дали ќе инсистира на брзи избори.