Демократскиот сојуз го повикува Ѓорге Иванов да избере помеѓу сенародниот бунт за правда (народот) и корумпираните политичари.
– Во овие исклучително сложени политички состојби, кога незадоволството на граѓаните се шири како вирус и зазема пандемски размери, Ѓорге Иванов, има историска шанса да ја смири состојбата со акт за повлекување на аболицијата и создаде можности за судска разрешница за тие што ги злоупотребија системите за прислушување, ги прекршија изборните правила или учествуваа во грабежот на имотот на граѓаните – се наведува во соопштението од ДС.
Од таму велат дека доколку Иванов пак и натаму ги штити корумпираните политичари, тогаш треба биде подготвен да ја преземе одговорноста врз себе за криминалот на сите што ги помилувавте, како и на можните последици од натамошно усложнување на состојбите.
– Сигурни сме дека Ви е јасно дека нема услови за избори и тие нема да се одржат, уште помалку дека со избори може да се “покрие” криминалот и лошите одлуки – велат од ДС.
Демократски сојуз оценува дека протестите ќе бидат се помасовни и тие нема да престанат се додека не се одложат изборите и не се исполнат барањата на граѓаните (избор на експертска Влада, формирање на специјализиран судски одел, деблокада на СЈО, оставка на Ѓорге Иванов и др.).