496
Демократскиот сојуз ги повикува министрите и замениците министри од опозицијата да ги повлечат оставките и да продолжат да работат со полн капацитет, бидејќи, според оваа партија, повеќе од јасно е дека на 5 јуни нема да има избори.
„Воедно, предупредуваме на можните безбедносни проблеми доколку во МВР се наруши принципот на хиерархија и натаму се практикува паралелно дејствување од дополнителниот заменик министер. Поради ова, Владата да ги повлече поединечните кадровски решенија бидејќи тие ќе предизвикаат целосен хаос и парализа на највиталната институција. Овие решенија се спротивни на Уставот и законите поради што треба Уставниот суд со времена мерка да ги суспендира и сите решенија на Владата да ги поништи“, соопштија од ДС на Павле Трајанов.