МНР: Невладини организации ги потикнале мигрантите нелегално да ја преминат границата

by Фокус 10:29
10:29

Различни извештаи говорат дека во обидот да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство мигрантите биле поттикнати, заведени и организирани од активисти на невладини организации.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи во врска со вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница кај Идомени во кој беа повредени 23 припадници на македонските безбедносни сили, откако беа спречени над 3.000 мигратни насилно да влезат од Грција на македонска територија.

- Advertisements -

„Било регистрирано и дистрибуирање на летоци кои содржеле лажни информации дека штом мигрантите успеат да ја поминат грчко-македонската граница со употреба на насилство тие ќе можат непречено да го продолжат својот пат до земјите членки на ЕУ“, се наведува во соопштенеито на МНР.

Од таму додаваат дека организираните масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, според многу аспекти, наликувале на сличниот инцидент за масовно илегално преминување на границата од 14 март годинава во кој беа инволвирани 2.500 мигранти.

Шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, Теохарис Лалакос, пак, вчера упатил два остри демарша во врска со како што се наведува „неприфатливите инциденти што се случија во Идомени“.

Поврзани новости