Сакаме да го охрабриме дека во интерес на граѓаните, стабилноста на државата и правдата е да ја повлече аболицијата. Тој потег, заедно со одлагање на изборите, се основа за политички договор и постепено враќање на вербата во правдата.
По поништување на аболицијата и одлагање на вонредните парламентарни избори (на кои само ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува), Демократскиот сојуз го предлага следното:
– Избор на експертска влада, поддржана од сите партии, која ќе работи на коренити реформи на правосудниот и безбедносниот систем, како и во медиумите, изборните регулативи (избирачки список, Македонија да биде една изборна единица, електронско гласање и др.), демократизација на партиите и др.
– Деблокада на сите државни институции и нивна департизација и деполитизација.
-Поддршка на СЈО за професионално, стручно, законито и транспарентно работење и формирање на специјализирано судско одделение во рамките на Кривичниот суд во Скопје.
– Создавање на услови за одговорност на креаторите на политичката криза и донесување на закон за забрана на нивно политичко дејствување.
-Реформи неопходни за членство во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ.
ДС оценува дека доколку и натаму се продолжи со ароганцијата од власта и медиумската манипулација, протестите ќе продолжат, стабилноста ќе се наруши и сето тоа ќе се рефлектира и на економски и безбедносен план. На крај се ќе се прифати но цената и штетите ќе бидат преголеми. Затоа повикуваме на разум.