Демократскиот сојуз бара буџетот за 2017-та година да се усвојува по изборите, бидејќи смета дека носењето на буџет во септември и во услови кога имаме преодна – техничка влада, претставува добро осмислена стратегија за блокада на изборните активности.
-Власта очекува опозицијата, независните експерти, како и медиумите, да распалат против буџетот и буквално да упаднат во поставената стапица. Демек тие предлагаат развоен буџет, повеќе пари за капитални инвестиции, социјални трансфери, повисоки пензии и плати, а опозицијата се противи.
Затоа предлагаме да не се губи време во јалови расправи и трошење енергија на Предлог -Буџетот, туку да постигнеме цврст договор, дека по изборите ќе донесеме нов Буџет, согласно потребите на граѓаните, бизнисот и државата, без дополнителни задолжувања и градење на споменици, панорамски тркала, како и дека ќе спроведеме силна офанзива против организираниот криминал,се вели во соопштението на Демократски сојуз – стои во соопштението на Демократскиот сојуз.