Јанева: Не се плашам од никој!

by fokus

Откако Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и порача на специјалната јавна обвинителка дека нема да расправаат за нејзините барања се додека не го признае легитимитетот на Собранието, Катица Јанева реплицираше:

-Специјалното јавно обвинителство има отворено истраги за изборни нерегуларности. Јас нема да дадам оставка и ќе ја истерам оваа работа до крај. Не се плашам од никој!- порача Јанева.

Инаку, Димовски побара оставка од Јанева, откако обвинителката рече дека од прислушкуваните материјали има сериозни индиции за изборни нерегуларности од 2011 година досега и дека парламентот е нелигитимен. На тоа, Димовски и рече на Јанева нејзините барања да ги достави во друг парламент.

Поврзани новости