Раководството на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги преставува огромните резултати преку намалување на бројот на невработени и тоа за над 50% во Кочани, Виница, Пробиштип итн., но не кажуваат колку се иселени и колку од тие се вработени во Италија и другите држави, велат од Демократскиот сојуз.
-Според нецелосните информации во последните пет години само од Виница се иселени над 8.000 граѓани од кои повеќето се вработени во Италија. Состојбите со вработувањето и иселувањето се катастрофални и ако продолжи овој тренд на празнење на државата, бројот на невработени ќе се сведе на 2% до 3%, се вели во соопштението.
Од Демократскиот сојуз додаваат дека би било коректно да се информира јавноста колку се иселени од Македонија во последните 10 години и причините за тоа (социјални, политички и др.), како и за стратегијата на власта младите да останат во Македонија.