Судот одби мерки за претпазливост за уште три осомничени од „Тврдина“

by fokus

Основниот суд Скопје 1 денеска донесе одлука со која се одбива предлогот на Специјалното јавно обвинителство за одредување на мерки на претпазливост за тројца осмничени во предметот „Тврдина“.

-Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопјепостапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С. опфатени со предметот на СЈО познат како „Тврдина“, по сослушување на лицата во однос на предлогот, донесе решенија со кои го одби предлогот на обвинителството за сите три лица, се вели во известувањето од Судот.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

Поврзани новости